Маркоски: Покажавме дека можеме да парираме и на најдобрите

Пикерот на репрезентацијата на Македонија и Еурофарм Работник на полуфиналниот дуел во Купот на Македонија против Вардар еднаш се запиша во листата на стрелците, но имаше важна улога во нападите и одбраната. По натпреварот Никола Маркоски имаше краток коментар за случувањата на теренот.

‚‚Се држевме добро, покажавме дека можеме да играме и со најдобрите, Вардар е на фајнал-фор во Лигата на шампионите. И на натпреварот во Битола имавме водство па потоа тие го подигнаа нивото на игра и загубивме. Сега беше слично се држевме 45 минути потоа падавме во одбрана, а Вардар го засили темпото, што беше доволно да загубиме‘‘, изјави Маркоски.

До крајот на сезоната остануваат уште четири натпревари за ракометарите на Еурофарм Работник во кои треба да го потврдат второто место на кое се наоѓаат и пласманот во регионалната СЕХА лига за идната сезона.