Маргуч „помалиот“ награден со нов договор од Целје

Екипата на Целје ја продолжи соработката со Гал Маргуч. Десното крило ќе го носи жолтиот дрес најмалку до летото 2022 година. Станува збор за играч кој од седумгодишна возраст е во Целје и е голем миленик на публиката.

По повод новиот договор, Гал ги истакна своите позитивни импресии и изјави дека Целје е вистинското место за неговиот напредок.

„Многу сум среќен што го продолжувам договорот со Целје. Одлуката беше едноставна. Чувствувам голема доверба од сите страни, од тренерот и навивачите и знам дека ова е вистинското место за мојот напредок. Со сигурност ќе се обидеме да ја продолжиме доминацијата во домашниот шампионат, но целиме и кон добри настапи во Европа“, изјави Маргуч за официјалната веб страна на клубот.

Дебито го имаше во сезоната 2014/15, а оттогаш до сега успеа да постигне 570 гола. На шест настапи за својата репрезентација даде 24 гола. Презимето, милениците на ракометот ги потсетува на неговиот брат Гашпер кој игра за Веспрем, но и неговиот дедо кој е поранешен голман.