Манасков: Бевме фаворити и пред натпреварот, продолжуваме во исто темпо (ВИДЕО)

Левото крило на нашата репрезентација, Дејан Манасков одигра нов одличен натпревар за националниот тим. Брзоногото крило беше нерешлива енигма за Јапонија, а одличната форма на Манасков може само да го радува селекторот Гонзалес за продолжението на првенството.

Во однос на денешниот натпревар Манасков смета дека Македонија ја оправда фаворитската улога, беа испочитувани сите поставени задачи од страна на селекторот, по што победата беше неминовна. Останува да се продолжи во исто темпо и чекор по чекор да се оствари зацртаниот план и пласманот во вториот круг.

Целокупната изјава на Манасков погледнете ја во продолжение.