Македонскиот зет нема среќа, мора на нова операција

Десниот бек на Нант и македонски зет, Едуардо Гурбиндо нема среќа со повредите и паузите оваа сезона. Тој е надвор од терените од април оваа година, а ќе биде уште најмалку два месеци.

Шпанецот го оперираше менискусот, но по осум месеци рехабилитација, повторно има проблем со него, па денеска ќе прави нова операција и го чека нова пауза.

Тој нема да биде дел од националниот тим на Шпанија, но европскиот шампион е добро покриен на таа позиција со Македа и Душебаев.

Неговото отсуство повеќе се чувствува во тимот на Нант, каде нашиот Кире Лазаров е сам на десната бековска позиција и мора да игра по цели натпревари.