Утрешната ждрепка за групите од Лигата на шампионите стартува од 12:30 часот, а веќе е јасно кои ќе бидат ракометарите што ќе ја одредат судбината на клубовите кои ќе се натпреваруваат во новата сезона во најсилниот куп.
Падна одлука тоа да биде Едуарда Аморим Талеска и Тиери Омејер, па ова ќе биде ждрепка во која македонската снаа и легендарниот голман од Франција ќе имаат одговорна задача. Двајцата настапуваат и во новата сезона, па затоа ќе доделат и ривали и за своите тимови.
Во ждрепката годинава Македонија има свои претставници само во машка конкуренција. Вардар е носител на групите А и Б заедно со тимот на ПСЖ, додека Металург со Висла Плоцк е рангиран како носител за Ц и Д групите.


