Македонија гордо на Европско првенство, Грците наведнаа глава во Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Сениорската репрезентација на Македонија останува во врвот на европскиот ракомет, a на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка оди како првопласирана од Групата 3. Со контрола на играта и резултатот, Македонија успеа да го надигра јужниот сосед и да стави до знаење дека нема шанси да дојде до бодови.

Првите 20 минути наликуваа на оние од играта во Кожани, но потоа следуваа  40 во кои се имаше контрола во текот на целиот меч за да се дојде до посакуваниот резултат. Целта е исполнета, а тоа е одржување на континуитет на добри резултати односно пласмани на големите натпреварувања. Македонија продолжува да биде дел од натпреварите и секако одлична шанса за да се покаже најдоброто на уште еден шампионат.

Колку oвој пораз им падна тешко на соседите сведочеа и солзите кај голем дел од противничките ракометари кои уште еднаш останаа без големо натпреварување.