Бранителот на титулата на “Супер Глоуб” турнирот во Доха, екипата на Барселона, со победа ја започна одбраната на титулата. Очекувано, убедливо беше совладана екипата на Ал Саад со 34:25 (17:12).
Екипата на Ал Саад имаше сили за половина полувреме против Барселона, по што каталонците ја превземаа контролата на натпреварот и рутински стигнаа до првата победа на овогодинешното издание на “Супер Глоуб”.
Лазаров и Сигурдсон постигнаа по шест голови во екипата на Барселона.
Во првиот натпревар од утрешната програма Барселона во 13:00 часот игра против екипата на Сиднеј Универзити од Австралија.


