Лазаров со победа дебитираше за Темишвар

„Македонското“ дерби во Романија меѓу Доброгеа Суд Констанца и Темишвар, му припадна на новиот тим на Филип Лазаров, кој славеше на гостински терен со 26:25, во меч од рамките на 1 коло во романскиот шампионат.

За гостинскиот тим Лазаров постигна 4 голови со кои беше втор стрелец, а солидна партија имаше и голманот Златко Даскаловски со 15 одбрани. Во тимот на Констанца, поранешниот репрезентативец Бранко Ангеловски даде 3 голови.