Лазаров за 24Ракомет ТВ: Знаевме дека сме една до две класи подобри од Јапонија (ВИДЕО)

Македонија победнички го стартуваше СП во Данска и Германија, а прва репрезентација која ја почуствува силата на Македонскиот национален тим беше Јапонија. “Самураите” беа совладани со 28-39, како увертира за тешките битки кои следуваат во продолжение.

Филип Лазаров немаше голема минутажа во денешниот триумф, но со неколкуте атрактивни потези на теренот даде свој придонес во победата на нашата репрезентација.
Добрата анализа на противникот, подготовката за истиот, како и одлично подготвената тактика седум на шест се само дел од елементите кои според Лазаров ни ја донесоа победата денес.

Целосната изјава на Филип Лазаров за 24Ракомет ТВ погледнете ја во продолжение.