Македонија загуби од Словенија со 29:22 во третото коло на Мундијалот во Франција, но капитенот Кире Лазаров мечот ќе го памети по добро. Првиот гол на тој дуел, за 1:1 од пенал, кога Лазаров го совлада Матевж Скок, беше негов 1000-ти во дресот со националниот грб.
Претходно Лазаров имаше постигнато 977 голови на официјални натревари (квалификации, настапи на ЕП и СП), против Тунис даде 12, против Ангола 10, а првиот против Словенија ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет.


