Кралот на Норвешка ќе биде специјален гостин на Европското првенство

Репрезентацијата на Норвешка ќе има специјален гостин на отворањето на Европското првенство во Трондхајм, а тоа ќе биде Кралот Харалд. Големиот поддржувач на ракометот, Кралот Харалд ке биде на трибините на првиот натпревар на репрезентацијата на Норвешка на 10 јануари против Босна и Херцеговина.

„Многу е убаво што Кралот ја прифати поканата да присуствува на Европското првенство. И порано има присуствувано на нашите натпревари и се има покажано како вистински фан на нашата репрезентација. Со нетрпение очекуваме да му ја покажеме новата арена и ракометната претстава прикажана од играчите“, изјави Коре Геир Лио, претседател на ракометната федерација на Норвешка.

Норвешка ќе ги одигра сите три натпревари од групната фаза во новоизградената арена „Трондхајм Спектрум“ со капацитет од 9.000 места. После мечот на 10 јануари со Босна и Херцеговина, домаќините на 12 јануари играат со Франција, а два дена подоцна со Португалија.