Комплетирано второто коло од руското првенство

Денеска се одиграа натпреварите од второто коло во руското првенство и најголемо внимание привлекоа натпреварите во Краснодар и Волгоград каде што силите ги одмерија фаворитите за титулата оваа сезона.

Динамо Синара во Волгоград ја пречека екипата на Звезда и прикажа добра игра уште од самиот почеток за конечни 29:26 со што најавија дека и покрај ослабениот состав не се откажуваат од одбраната на шампионската титула.

Евгениј Трефилов со неговиот тим Кубан пак беше поразен на домашен терен од екипата на Лада со резултат од 25:29.

Второ коло

Астраханочка – Университет 37:20 (17:7)

Ставрополје  – Луч 35:35 (19:21)

АГУ-Адиф – Ростов-Дон 27:41 (14:19)

Кубан – Лада  25:29 (11:15)

Динамо-Синара – Звезда 29:26 (17:12)