Во полуфиналето од Купот на Франција, екипата на Ница не успеа да направи изненадување против шампионот Мец. Полуфиналистот од Лигата на шампионите славеше со 24:19 и на тој начин тимот на Марјан Колев остана без место во финалето.
После првото полувреме разликата беше само два гола. Мец водеше со 12:10 и уште имаше неизвесност. Сепак, во продолжение Мец дојде до сигурна предност која на крајот дојде до пет гола за конечни 24:19.
Во финалето Мец ќе се соочи со тимот на Брест, кој победи во второто полуфинале против Селес со 27:24.


