Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров и колегите од неговиот нов тим пристигнаа во Скопје и веќе го одржаа првиот тренинг пред утрешната пресметка во Вардар во рамки на 2. коло од Лигата на шампионите.
Лазаров и колегите се подготвени за предизвикот кој ќе го имаат против актуелниот европски првак, а ова е ново гостување на Кире во Скопје бидејќи и досега има играно со другите клубови за коишто настапувал.

Средбата се игра утре од 17:30 часот, а и Вардар и Нант влегуваат во неа со победа од 1. коло. Вардарци славеа како гости кај Висла Плоцк, додека Нант на домашен терен го надигра составот на ПИК Сегед.


