Кимевски и Андоновски остануваат во Пролет

Раководството на Пролет, го продолжи договорот со голманот Стефан Кимевски и левиот бек Ласко Андоновски.
Со заминувањето на Славиша Димитријески од екипата на Пролет на крајот на минатата сезона, клучната улога во тимот му припадна на младиот Андоновски, а со прикажаната игра тој ја оправда довербата на тренерот Темелковски.
Освен Андоновски, еден од најдобрите голмани во македонската лига истотака ја продолжи соработката со скопскиот суперлигаш. Квалитетот на Стефан Кимевски го препозна и селекторот Обрван, затоа тој веќе втор пат се наоѓа на поширокиот список на македонската ракометна репрезентација.
Со задржување на најквалитетните ракометари, екипата на Пролет во наредните години ќе се обиде со надградување на тимот, преку младинската ракометна школа, да се издигне на повисоко ниво.