Квалификации за ЕП Полска 2016: Литванија ја изненади БИХ

Во возвратниот меч одигран во Каунас, репрезентацијата на Литванија денеска го совлада составот на Драган Марковиќ со 19-15.
После првите триесет минути резултатот на семафорот гласеше 10-7. Првиот дел го красеа одлични одбрани, но и многу грешки во нападот. Во 8-та минута водеа Босанците 2-5, но со серија од 5-0 домашните го најавија пресвртот и победата. Иако во 24-та минута, босанските репрезентативци ја намалија разликата на 8-7, до крајот на полувремето домаќините повторно создадоа пристојна предност од три голови за конечни 10-7.

Во продолжение, во 40-та минута на семафорот стоеше 13-10. Неизвесноста продолжи и во второто полувреме. Во 46-та минута Босанците повторно се доближија до водството на домаќините, за 14-13, но немаа сили за нешто повеќе. До крајот серијата на Литванија беше 5-2 за конечни 19-15.
Најефикасни беа Плета и Страздас со по 4 голови. Прце кај поразениот состав постигна 5 голови. На овој натпревар недостигаше Торомановиќ, кој без конкретно образложение ја напушти репрезентацијата на БИХ пред да заминат на пат за Литванија.