Карачиќ: Мора да ја пресликаме играта на Македонија, доколку сакаме триумф над Јапонија (ВИДЕО)

Хрватската ракометна репрезентација триумфално го стартуваше настапот на СП во Данска и Германија. “Коцкастите” кои се еден од противниците на Македонија во групата Б вечерва во Минхен славеа над Исланд со резултат 31-27. Иако важеше за фаворит Хрватска одигра тежок натпревар против незгодните Исланѓани кој го доби дури во последните пет минути.

Свој удел во значајниот триумф на Хрватска имаше и вардаровиот плеј Игор Карачиќ кој беше стрелец на два гола. Следен предизвик за ракометарите на Червар ќе биде репрезентацијата на Јапонија која денеска беше совладана од Македонија. Карачиќ смета дека токму на играта на “црвено-жолтите” треба да биде репер за тоа како Хрватска треба да одигра против “самураите”.

Комплетната изјава на Игор Караќиќ за 24Ракомет ТВ погледнете ја во продолжение.