Кадетите на Вардар немаа сили за изненадување против првиот тим на Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на Вардар денеска во 9. коло од Супер машката лига одигра интересен натпревар против Пелистер, но после подолго остана без бодови на домашен терен. Битолчани славеа со 30:26 во меч во кој во најголемиот дел беа во предност.

Вардарци настапија со кадетска екипа со оглед на тоа што за една недела ги очекува Ф4 турнирот во Келн од Лигата на шампионите. Сепак, и кадетите беа на ниво и долго се спротиставуваа на сениорскиот состав на Пелистер така што поразот од само четири гола разлика е доба резултат.