Светската ракометна федерација ги одреди имињата на ракометарите и ракометарките кои покажа најмногу во 2018 година. Доминираат ракометарите од Скандинавија што и беше очекувано после она што го покажа во минатата година.
Кај мажите меѓу најдобрите пет се најдоа: Сандер Сагосен (Норвешка – ПСЖ), Џим Готфридсон (Шведска – Флензбург), Расмус Лауге Шмит (Данска – Флензбург), Микел Хансен (Данска – ПСЖ) и Винсент Жерард (Франција – Монпелје).
Во трката по наградата за најдобра ракометарка во светот во 2018 година влезе голманката која го чуваше голот на Вардар до јуни, Амандин Лејно. Французинката во втората половина беше дел од екипата на Ѓер, а со репрезентацијата на Франција дојде до златото на Европското првенство на домашен терен. Покрај неа во трката влегоа и: Ана Вјахирева (Русија – Ростов Дон), Кристијан Неагу (Романија – ЦСМ Букурешт), Стине Офтедал (Норвешка – Ѓер) и Естеле Нзе Минко (Франција – Шиофок).

Ова значи дека и Вардар има свој кандидат во изборот и доколку Лејно дојде до признанието секако „црвено-црните“ на тој начин добиваат исто така признание бидејќи Амандин имаше одлична полусезона и беше една од подобрите до финалето во Будимпешта.
Гласањето ќе трае до 15 март, а доколку сакате да го дадете својот глас тоа можете да го направите на следниот ЛИНК.


