По победата над Елверум, ракометарите на Металург го го пречекуваат словачкиот првак Татран Прешов. Доколку победи македонскиот вицепрвак, се отвара шанса за на последните два дуели против Ла Риоха и Чеховски Медведи да се брка второ место во групата кое води во елиминациската фаза. Еден од ракометарите кој веднаш по трансферот ги оправда очекувањата е Вања Илиќ.
„Зад нас се два тешки меча, истрошени сме. Верувам дека и во недела не чека тежок машки дуел со Татран. Секој следен меч е голем предизивик за нас, но мораме да бидеме концентрирани сите 60 минути и ќе имаме голема шанса за победа, со која ќе направиме дуелот со Ла Риоха да биде многу поинтересен и решавачки за уште чекор понапред.“ – изјави Вања Илиќ.


