Ракометарот кој последната сезона ја мина во редовите на Стеауа, a игра за селекцијата на БиХ, Марин Вегар ќе биде новиот бек на тимот на Еурофарм Работник. Левиот бек од Чапљина доаѓа на местото на Остроушко кој си заминува и во иднина ќе биде играчот од кој ќе се чекаат голови од зад линијата од девет метри.
Се работи за играч кој има 29 години, кој во минатото беше во комбинација за настап и за репрезентацијата на Хрватска. Во својата кариера има играно за Извиѓач и Нексе, а Стеауа му беше последниот клуб.
Има 199 сантиметри и 99 килограми така што се работи за корпулентен ракометар кој сигурно ќе донесе искуство во играта на Еурофарм Работник и сигурно ќе биде добро засилување и за одбраната на битолчани.
Наскоро ќе се знае и каде тимот ќе игра следната сезона односно дали ќе добие можност за Ц и Д групите од Лигата на шампионите.


