Денес во три сали, се играат четвртфиналните групи од Купот на Македонија. Во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“, најдобрата екипа во Првата македонска лига Вардар Јуниор ја пречека најдобрата екипа во регуларниот дел на сезоната во Супер лигата, Зомимак во вториот полуфинален дуел.
Зомимак 30-23 Вардар Јуниор (14-9)
По првите триесет минути, Зомимак имаше пет погодока предност. Разликата ја градеа во текот на сите триесет минути, а по првите седум минути гостите од Струмица имаа предност од 4-1. Одличниот период на Зомимак застана во 12-та минута кога се повреди моторот на екипата Дејан Пецаковски, тоа го искористија ракометарите на Пепи Манасков за да го намалат резултатот на само еден разлика 6-5.

Неизвесноста траеше до 22-та минута кога за последен пат Вардар Јуниор имаше негатива од еден погодок, 8-7. Со серија од три голови во низа Зомимак создаде капитал од четири голови разлика 11-7. Струмичките рисови ја одржуваа разликата од самиот крај на полувремето, а со звукот на сирената Чантурија ги постави конечните 14-9 по првите триесет минути игра.

Во вториот дел во игра се врати централниот бек на Зомимак, Дејан Пецаковски. Гостите одиграа искусно и дисциплинирано го одржуваа резултатот од првиот дел. Највисоката предност Зомимак ја создаде во 42-та минута кога со голот на Андовски ги постави првите седум голови предност 20-13. Младите Вардарци на неколку пати ја намалуваа високата разлика на само четири погодоци, а последен пат на пет минути пред крај за 27-23. Но на крајот искуството пресуди, а грешките во нападот на Вардар ги казнија Чантурија и Павловски за конечни 30-23 по шеесет одиграни минути.

Најпрецизни кај екипата на Зомимак беа Чантурија и Милосављевиќ со 6, а Пецаковски и Павловски со 5. Во финалето на четвртфиналната група ќе играат Зомимак и Пелистер 08, кој во првото полуфинале ја совлада екипата на Преспа со резултат 22-28.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ