„Зборнаја“ веднаш зад најдобрите: Русинките уште еднаш завршија како петти на СП

Селекциите на Русија и на Данска втор Мундијал по ред се пласираат на иста позиција. Тие завршија на 5. и 6. позиција и пред две години така што немаа никаков напредок во однос на тој Мундијал.

Русинките и после овој шампионат се на 5. место, и покрај тоа што претрпеа тежок пораз во четврт-финалето од Норвешка.

Мал напредок во однос на минатото Светско првенство имаа Црногорките кои тогаш завршија на 8. место, а сега скокнаа позиција погоре така што иако не дојдоа до место во полуфиналето постигнаа подобар резултат.

Според ова останува уште да се распоредат најдобрите четири селекции и да се има комплетниот пласман на Мундијалот во Германија.

ПЛАСМАН

5. Русија

6. Данска

7. Црна Гора

8. Чешка

9. Србија

10. Романија

11. Шпанија

12. Германија

13. Јужна Кореја

14. Унгарија

15. Словенија

16. Јапонија

17. Полска

18. Бразил

19. Ангола

20. Камерун

21. Парагвај

22. Кина

23. Аргентина

24. Тунис