Започнува 13-то коло од македонската Прва лига: ГРК Борец подготвен за дербито со РК Вардар Јуниор

ГРК Борец денес со почеток од 18ч во спортска сала „Гемиџии” игра против екипата предводена од легендарниот Пепи Манасков, Вардар Јуниор. Ракометарите на Борец се надеваат на полна сала, а во претходните денови напорно работеа на привлекување публика. Низ Велес беа поделени голем број на флаери, младите ракометари на Борец масовно повикуваа на поддршка за денешниот дуел против вториот тим на Вардар. Со евентуална победа, Борец би се зацврстил на втората позиција во првата лига. Доколку плановите се остварат, Борец би играл бараж натпревар за влез во Супер лигата.

Прва ракометна лига, коло 13

Распоред

ГРК Лозари – РК Риниа М (03.05.2015)

Почеток – 15:30
РК Струга – РК Младост (03.05.2015)

Почеток:14:30

ХЈС Работник – Феникс АМС (03.05.2015)

Почеток: 16:30

ГРК Борец – РК Вардар Јуниор (03.05.2015)

Почеток 18:00