Започнува пријавувањето за ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, минатиот јуни во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. Кампот се одржа на брегот на Охридското езеро, со учествуво на 150 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од Македонија, но и надвор од границите на нашата држава.

По првите седум дена кормиларот на ракометниот камп, капитенот на македонската ракометна репрезентација со нетрпение го очекува новото проширено и надградено издание на вториот циклус „Кирил Лазаров 7“.

-„Задоволството на сите учесници од организацијата на минатогодишното издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ на кое партиципираа 150 момчиња и девојчиња од Македонија се наметнува како обврска за сите нас што сме вклучени во овој проект, оваа 2016-та година да го подигнеме нивото на организација за едно скалило погоре. Тука пред сè мислам на подигање на условите за тренинг и развој, тренери и гости од кои навистина ќе има што да се слушне и види како и во делот на дружење и забава на учесниците. Подготовките се во полн ек, а од 1-ви февруари стартуваше и пријавувањето за учество на кампот кој оваа година е планирано да се одржи во две смени. Во иднина самиот камп ќе  го добие префиксот интернационален имајќи предвид интересот за учество на кампот од земји од сосоедството и цела Европа“

Како што соопштуваат од КМГ Спорт, оваа 2016-та година  предвидено е кампот да биде интернационален и на него да патртиципираат 250-300 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од регионот, но и пошироко, поделени во две смени (Прва смена од 17 – 23 јуни 2016 година; Втора смена од 24 – 30 јуни 2016 година.)

Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци,  големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери  ќе имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, едукативни предавања за здрава исхрана, дружење и многу забава.

Уписите се веќе во тек, а можете да аплицирате на страната на кампот или директно во просториите на КМГ спорт.