Задржан уште еден вардарец: Абутовиќ до 2020 ќе биде во Вардар

Илија Абутовиќ и во следните три сезони ќе биде дел од тимот на македонскиот првак Вардар, откако управата потпиша нов договор со српскиот репрезентативец. Според тој договор Абутовиќ ќе остане во Скопје до јуни 2020 година, потврдија од македонскиот тим.

Абутовиќ од 2011 година е дел од Вардар и беше дел од најголемите клупски успеси, меѓу кои и трите титули во СЕХА лигата, трите настапи во четврт-финалето на ЛШ, пласманот на Ф4 турнирот во ЛШ и неколкуте шампионски и куп титули во домашното првенство.

Неговите добри игри сезонава беа препознаени и од ЕХФ и тој е вклучен меѓу кандидатите за најдобар одбранбен играч во лигата на шампионите.
Важи за голем и бескомпромисен борец, кој својот придонес во играта го покажува најмногу преку одбранбените задачи. Тој е важен дел од одбранбениот бедем пред голот на Вардар.