Шпанскиот интернационалец од редовите на Вардар, Алекс Душебаев, видно задоволен по пласманот во неделното финале за 24Ракомет ТВ изјави дека ова е многу значајна победа на неговиот тим која е против млад но доста квалитетен состав. Шпанецот потенцираше дека Вардар одигра најдобро во моментите кога беше најпотребно, и дека Вардар е подготвен да му се спротистави на Веспрем во големото финале.
Подолу погледнете ја видео изјавата на Алекс Душебаев за 24Ракомет ТВ.


