Душебаев за 24 Ракомет ТВ: Скопје засекогаш останува во моето срце (ВИДЕО)

Првиот ракометар кој од Вардар се пресели во Келце беше Алекс Душебаев, а тој учествуваше во освојувањето на првата круна во Лигата на шампионите.

Вели дека секогаш со задоволство доаѓа во Скопје и дека секогаш му е убаво кога игра пред публиката во „Јане Сандански“.

„Секогаш сакам да играм во Скопје и во Јане Сандански. Скопје засекогаш останува во моето срце. Ние не одигравме најдобро. Вардар, пак, одигра со многу срце и со фантастична поддршка од трибините како и секогаш“, изјави Душебаев пред камерите на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.