Во натпреварот за пласман на 5 место на ЕП во Унгарија и Хрватска репрезентацијата на Франција ја совлада домашната репрезентација на Унгарија со резултат 25-26 (13-16) и и се пласираше на петтата позиција на ЕП во Унгарија и Хрватска.
Натпревар за 5 место (Унгарија, Будимпешта)
УНГАРИЈА-ФРАНЦИЈА 25-26 (13-16)
Сираба Дембеле го отвори резултатот откако успешно реализираше од позиција пикер по прекрасната асистенција од Алисон Пино. Домаќинот одржуваше резултатска неизвесност до 9 минута кога расположената за игра Анита Булат успеа да израмни на 5-5. Од тој момент Франција ја превзема контролата на натпреварот и пред се благодарение на одличната Минко која постигна четри гола стигна до највисоките 8-13 во 19 минута. Домаќинот се обидуваше со борбена игра да се врати во игра, и преку серијата од 5-1 која ја предводеше одличната Тришчук со својот 7 погодок од 8 обиди успеа да стигне до гол негатива 13-14 на три минути до крајот на првиот дел. Сепак, Њитам и Ниомбла со двата гола во последните две минути обезбедија предност за Франција од + 3, 13-16 по триесет минути игра.
Унгарија благодарение на одличната Бланка Биро на својот гол, надополнета со двата гола на Тришчук и Томори успеа повторно да дојде до -1, 15-16 по пет минути игра во вториот дел. Франција цели 20 минути во вториот дел го одржуваше водството помеѓу еден и два голови позитива. Но домаќините потпомогнати од домашната публика со двата гола на Ковачич најпрво израмнија на 22-22, а минута покасно и успеаа да дојдат до првото водство на натпреварот 23-22 во 52 минута за воодушевување на трбините во “Ласло Пап” арената. Еглон во следниот напад го израмни резултатот на 23-23. Во последните пет минути се водеше вистинска борба за секоја топка, двете репрезентации со сите сили се обидуваа да дојдат до петтата позиција на ЕП. Домаќините имаа шанса да поведат на две минути до крајот но по едно неуспешно додавање Лакрабе казни преку контра напад за водство на Франција од 25-26 во 58 минута Случна ситуација видовме и на триесет секунди до крајот кога Унгарија имаше шанса да го израмни резултатот но не успеа. Франција успешно ја задржа топката во свој посед во последните петнаесет секунди за победа од 25-26 и пласман на петтата позиција на табелата.
Минко со 7 погодоци ја водеше Франција до петтата позиција на ЕП. Дембеле постигна 1 гол на овој натпревар а Лејно забележа 10 успешни интервенции. Кај домаќинот одличната игра на Тришчук која постигна 10 гола беше доволна само за пласман на шестата позиција на ова ЕП.



