Тимот на Алфелд, каде што настапува поранешниот играч на битолски Пелистер, Стевче Ангелковски загуби на домашен терен од тимот на Грун Вајс Химелстур во регионалните лиги во Германија со 22:27.
Иако средниот бек беше стрелец на 10 голови, односно скоро половина на погодоците на неговиот тим, сепак тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој натпревар. Ангеловски веќе три години е во Германија и досега има настапувано за Ботфелд, Ајнтрахт Хилдесхајм и сегашниот тим Алфелд, каде веќе е втора сезона.



