Двајца млади ракометари идната сезона во тимот на Раул

Новиот тренер на ПСЖ, Раул Гонзалес за следната сезона, ќе има двајца млади ракометари коишто се дел од клубот и играле за овој состав и во минатото. И двајцата ги поминале школите на ПСЖ така што сега добиваат шанса за да играат за првата екипа.

ПСЖ ги потпиша Дилан Нахи и Адама Кеита, кои се обврзаа на верност до 2021 година така што е сигурно дека тимот од Париз добива и на младост во новата сезона.

Адама Кеита има 20 години, а тој дебитираше во Лигата на шампионите на дуелот против Брест кога се најде во составот како замена за Уве Генсхајмер. Со своите игри ја оправда довербата, па клубот го задржува и во иднина и тој ќе се бори за место кај Раул Гонзалес во следната сезона.

Покрај него потпис на договорот до 2021 година стави и Дилан Нахи. Ракометарот лани беше пријавен на завршниот турнир во ЛШ за ПСЖ тогаш стана најмладиот кој се изборил за место во составот на ова натпреварување.

Воедно тој е и најмладиот играч кој се појавил во Златната лига на репрезентациите бидејќи во октомври настапи за Франција на мечот против Полска на 18 години.