Ракометарите на Еурофарм Работник загубија од унгарска Татабања со 21-31 во второто коло од групната фаза во Купот на ЕХФ. Пивотменот Елмир Граџан смета дека не одговориле на задачите од тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.
„Во Хановер одигравме одличен натпревар против екипа која котира одлично во Бундес лигата. Тоа не беше случај во Македонија, изгоревме во преголемата желба, се надевавме дури и на победа, но не одговоривме на задачите кои ги бараше од нас тренерот Чирковиќ. Ни следи Нексе, екипа која е многу добра и во овој краток период треба да се подготвиме за противникот и да дадеме што е можно подобар отпор“, вели Граџан.
Следен предизвик за македонскиот тим ќе биде гостувањето во Хрватска кај Нексе Нашице, а средбата се игра на 23 февруари од 19:30 часот.


