Гонзалес и новиот стручен штаб ја превземаа „командата“ (ФОТО)

Македонската машка сениорска репрезентација во рамките на квалификациите за Европското првенство во Хрватска за четири дена ќе игра против најсериозниот конкурент за пласман на континенталниот собир, репрезентацијата на Исланд. Онаму каде што застана Лино Червар продолжува Раул Гонзалес и новиот стручен штаб. А застанавме на една победа против Украина и еден убедлив пораз од гостувањето во Чешка.

Македонија беше принудена да сврти нов лист, а каков ќе биде крајот на ова поглавје ќе каже времето. Новиот македонски селектор, за овој двомеч со Исланд повика 19 ракометари, а во стручниот штаб за прв пат како странец ќе имаме и помошник тренер, шпанецот Роберто Гарсија Парондо. Со голманите ќе работи Александар Царчев, додека кондициски тренер повторно ќе биде Кристијан Крајчевски. На првиот собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“ недостасуваше капитенот Кирил Лазаров, кој кон репрезентацијата ќе се приклучи утре.