Во 11 меѓусебен дуел, првпат Вардар ја победува Барселона, и тоа во најважниот натпревар. Лука Циндриќ донесе радост на клупата, делириум на трибините постигнувајќи го победничкиот гол во последните секунди од средбата. Македонскиот првак заслужено стигна до првото финале во историјата на машкиот клупски ракомет, а во финалето утре противник ќе биде ПСЖ. Погледнете голот на Циндриќ кој со златни букви ќе биде запишан во македонската ракометна историја…


