Во рамките на 5. коло од плеј-офот во Првата македонска лига, утре со почеток во 19:00 часот ќе се одигра интересниот натпревар меѓу Македонија Ѓорче Петров и Јуниор Кисела Вода.
Гостите доаѓаат во победничка серија, откако славеа на гости во Неготино, како и дома против Тиквеш и Преспа, додека Македонија загуби од Вардар на гостински терен во Неготино, откако претходно го совлада Металург 2.
Овој натпревар ќе има посебна тежина за домашниот тим. Ѓорчевци го посветија на прерано починатиот другар и фан Филип Мартиновски Пумба.
Пред почетокот на натпреварот,во 18:00 часот, пред салата ќе бидат поставени штандови на кои ќе се продаваат маици во сеќавање на Пумба, а средствата ќе бидат донирани на неговото семејство.



