Георгиевска и несудената вардарка Менди му донесоа победа на Фехервар

Алба Фехервар по два порази на стартот на унгарскиот шампионат, ја забележа првата победа и тоа на гостински терен. Тимот каде настапува капитенот на женската репрезентација Елена Георгиевска, славеше над Кечкемет со 25:29.

Клучни фигури на теренот беа несудената вардарка, Клодин Менди, која никогаш не заигра за македонскиот тим поради бременост, како и нашата репрезентативка. Само тие двете погодуваа за Фехервар од 43 минута па се до крајот на мечот, кога се кршеше резултатот.

Менди заврши со 9 голови, а Георгијевска 3 пати се запиша во листата на стрелците.