Георгиевска се враќа во форма, најдобра во победата на Фехервар над Вистал

Македонската репрезентативка Елена Георгиевска и нејзиниот тим Алба Фехервар, со една нога веќе се во второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ. Унгарскиот тим славеше на домашен терен над тимот Вистал Гдиња од Полска со 28:17.

Георгиевска беше најдобра на теренот во домашниот тим и беше стрелец на 5 голови. Реваншот се игра во Полска следниот викенд, но Фехервар веќе може да се подготвува за следниот предизвик Роман, кој од клупата го води македонскиот стратег Доне Бошковски.