На 3 дена до стартот на Европското првенство, се враќаме малку назад низ историјата и ве потсетуваме на финалните натпрервари на континенталните шампионати.
Во финалниот двобој во 2010 година, на ЕП на кое Македонија го направи најголемиот успех во историјата, играа домаќинот Србија и Данска. Скандинавците победија со 18:21 во интересен натпревар на жешкиот терен во Белград.
Србија тогаш во ростерот ги имаше Станиќ, Тоскиќ, Чутура, Вујин, Илиќ, Ненадиќ, Шешум…додека за Данска играа Лауге, Ландин, Кристијансен, Егерт, Маркусен, браќата Тофт Хансен, Нилсен…Погледнте го финалниот двобој во видео прилогот…


