Вардар ќе ја брани титулата во Купот на Македонија

По денешните полуфинални дуели во Охрид, Металург и Вардар ќе се сретната во ново финале од Купот на Македонија. Вардарци убедливо го совладаа составот на Охрид иако домаќините покажаа борбена игра и имаа активен резултат речиси 40 минути. Сепак искуството и квалитетот на македонскиот шампион им обезбеди ново финале во куп завршницата.

13211025_10153446652956644_320651220_o

По воведните 1-3 за Вардар, Охриѓани не се предадоа и веќе до 5-та минута повторно беа изедначени со противникот. Иако вардарци имаа контрола врз резултатот, неизвесната игра ги одведе двете екипи во возбудлив финиш. Вардарци во последните минути пред паузата дојдоа до два погодока предност, но мотивираните домаќини успеаа повторно да изадначат на 12-12. Сепак во последните две минути од првиот дел избраниците на Гонзалес успеаа да постигнат два погодока во низа за конечни 12-14.

13230703_10153446653056644_2038585612_o

Вториот дел го отвори Карачиќ за првите три погодоци предност, во 41-та минута Вардар преку Лазаров замина на четири голови разлика 16-20, a веќе до 50-та минута „црвено-црните“ имаа шест погодоци предност 19-25. Во рутинирана завршница Вардарци дојдоа до нова победа против Охрид за една седмица, а овојпат конечниот резултат гласеше 21-29.

Најпрецизни во составот на Вардар беа Дибиров и Душебаев со по пет погодоци, додека Печенковски постигна осум во поразот на Охрид.

Вардар ќе ја брани титулата во Купот на Македонија против Металург, а финалниот дуел е закажан за сабота (утре) со почеток од 17:30 минути во спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ