Екипата на Вардар на крајот од оваа недела ќе мора да го напушти СЦ „Јане Сандански“. Салата е зафатена поради тоа што се организира шампионат во кошарка, па затоа клубот мора да бара солуција и да работи на друго место.
На 27 и 28 јули вардарци ќе бидат гости во Автокоманда. Салата на Металург е слободна и двата тима ќе имаат соработка. Со оглед на тоа што „металурзите“ почнуваат со тренинзи во август тие им излегуваат во пресрет на вардарци.
Затоа пред заминување за Крањска гора „црвено-црните“ ќе одржат неколку тренинзи во Автокоманда и ќе имаат можност да продолжат во веќе почнатиот ритам.


