Вардар и Металург имаат иднина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипите на Металург и на Вардар одиграа интересен натпревар во последното коло од плеј-офот во Супер машката лига, а домашните победија со 32:29.

Ова беше втор меч во серија на кој на теренот се најдоа кадетите на Вардар кои уште еднаш одиграа силен меч и дојдоа до пристоен пораз така што покажаа дека има иднина кај нив.

Металург, пак, на овој дуел немаше дел од играчите кои досега главно беа на терен, па помладите добија шанса за да играат и на најдобар можен начин ја искористија. Сепак, се поискусни од младите вардарци и тоа го потврдија на теренот.

Како изгледаше овој натпревар на теренот можете да погледнете од фотографиите во продолжение.