Вардар до првите бодови во македонскиот ракометен плеј-оф

Веднаш по освојувањето на Сеха лигата, македонскиот шампион Вардар стартуваше со победа во ракометниот плеј-оф. Црвено-црните во Автокоманда беа подобри од Металург Јуниор со 26-34 (15-14).  Поради големата ангажираност на своите ракометари во последнава недела вардаровиот тренер Раул Гонзалес одмораше поголем дел од своите играчи па така на овој натпревар не настапија Абутовиќ, Козлина, Брумен и голманот Ангелов.

Младиот тим на Металург доста мотивирано влезе во овој натпревар и против македонскиот шампион одржуваше егал цели 40 мин, период во кој имаше и водство. Но Вардарци во последните 15 минути  ја подигнаа својата игра на повисоко ниво и не само што успеаа да направат пресверт туку на крајот славеа со убедливи 8 голови разлика. По овој натпревар Вардар комплетно се врти кон историскиот двобој против германски Фленсбург кој на програмата е на 21 и 26 мај.

Металург Јуниор – Вардар   26:34 (15:14)

Металург Јуниор: Кимевски (13 одбрани), Ивановски (2 одбрани), Бошковски 1, Бешлиевски, Маџовски, Костевски 3, Крстевски 1, Манасков 3, Велковски 1, Маркудев 2, Талевски 5, Давитковски, Матијашиќ 1, Маџовски 2, Палевски 1, крстевски 5.

Вардар: Малумбрес, Чаневски, Милиќ (12 одбрани), Даскаловски, Стоилов, Прибак, Тоскиќ, Раковиќ 8, Милиќ, Јовчески, Марковиќ 7, Карачиќ, Терзиќ 1, Душебаев 3, Лазаров 9, Дибиров, Чипурин 6.

Исклучувања: Металург Јуниор   10 минути ; Вардар   4 минути

Седмерци: Металург Јуниор  2/2 : Вардар  4/3