Вардарци уживаат во третиот Ф4 во Келн во серија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар денеска први се појавија пред новинарите и ги искажаа своите очекувања за Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, кој утре и задутре се одржува во Келн.

„Црвено-црните“ во опуштена атмосфера имаа време за одговарање на прашања на новинари од неколку земји, а воедно и покажаа дека се одлично расположени.

Со оглед на тоа што се ослободени од притисокот и импретивот дека мора по секоја цена да се освои трофејот може слободно да го очекуваат полуфиналниот дуел против Барселона, а што е најважно може да се забележи дека вардарци уживаат во третото учество во ред на Ф4 турнирот во Лигата на шампиони.