Ракометарите на Вардар по десетина дена тренинзи во СЦ „Јане Сандански“, заминаа на висински подготовки во босанскиот град Требиње.
Таму ќе престојуваат во комлексот „Градот на сонцето“ и ќе останат до 12 август. Од 9 до 11 август ќе бидат дел од турнирот во групата со Борац Бања Лука и Леотар Требиње.
Вардарци ќе ги одиграат двата меча од групата на 9 август, а мечот за пласман на 11 август. Тренерот Хозе Писонеро ќе го има на располагање и голманот Калифа Гедбан во Требиње, па ќе остане да се приклучи уште Марко Кизиќ по настапот за кадетската репрезентација на Мундијалот.


