Вардарци веќе на теренот во Дамам, се загреваат за мечот од Супер Глоуб (ФОТО)

Ракометарите на Вардар се подготвени за првиот натпревар на Светското клупско првенство во Дамам. Тие ќе играат во последното четврт-финале денеска и ќе се соочат со Ал Мудар од Саудиска Арабија.

Проблемите коишто ги имаа со патувањето во две групи се надминати и сите ракометари се во салата каде што се играат натпреварите.

Сите се подготвени да го дадат максимумот на ова натпреварување и да покажат дека Вардар може да дојде до пехарот кој недостига во колекцијата.

Атмосферата пред првиот натпревар на Супер Глоуб е одлична и сите очекувања се вардарци да стартуваат со победа.

Тоа се гледа и од насмевките кај ракометарите така што време е за убав натпревар и убав резултат.

Средбата почнува од 19 часот.