Точно во 13:00, Европската куќа на ракометот ја започна ждрепката за наредната сезона во Лигата на шампионките. Од Данска, земјата на новиот ЕХФ спонзор, производителот на спортска опрема Селект, извлечени се групите за првиот дел од Лига на шампионките. Актуелните шампионки ЦСМ Букурешт на изненадување на ракометната јавност стартуваа од вториот шешир, додека привегијата да бидат во првиот шешир покрај македонскиот првак ја имаа составите на Будуќност, Ѓер и Ларвик.
Македонскиот првак ќе настапува во група Б, заедно со Астраханочка, ФТЦ Реил Карго Унгарија и победникот од квалификациската група 2 каде се Лајпциг, Хипо, Бера Бера и Гомел.
Група А: Будуќност, Турингер, Мец, Квалификант 1
Група Б: Вардар, Астраханочка, ФТЦ Реил Карго Унгарија, квалификант 2 (германски Лајпцинг, австриски Хипо, шпанска Бера Бера и белоруски Гомел)
Група Ц: Ѓер, ЦСМ Букурешт, Митјеланд, Ростов Дон
Група Д: Ларвик, Ејсберг, Савехоф, квалификант 3
Натпреварите од женскиот дел на Лигата на шампионите започнуваат на средината на октомври (14-16 октомври).


