Во вториот натпревар од Лигата на Шампионите, составот на Драган Аџиќ забележа победа со резултат 30-23 на гостувањето во Норвешка кај дебитантот – Гласверкет.
Солиден отпор пружија ракометарките на Гласверкет кои беа предводени од одличната Харалдсотир со 11 погодоци но сепак тоа не беше доволно за дебитантот да ги запише првите бодови во Лигата на Шампионите. Јауковиќ одигра добар натпревар во дресот на Будуќност и со 5 погодоци таа ја предводеше листата на стрелци во таборот на шампионот на Црна Гора.
Со две победи по две одиграни кола, Будуќност е лидер во групата А, и во следното коло ќе гостува во Германија каде силите ќе ги одмери со Турингер. Гласверкет пак, ќе се обиде да стигне до првите бодови во Лигата на Шампионите во натпреварот против Метц која е на програмата следниот викенд.


