БРОНЗАТА УТЕХА ЗА ОЛИМПИСКИОТ ШАМПИОН

Утешниот натпревар за бронзениот медал на Олимписките Игри во „Арената на иднината“ во Рио, помеѓу Холандија и веќе поранешниот олимписки првак Норвешка, успешно го отворија норвежанките со погодокот на Локе веќе во првиот напад.

Во првите пет минути од мечот холанѓанките пружаа отпор, но веќе во десетата минута норвешките ракометарки имаа предност од седум голови позитива (3:10). До крајот на полувреме неколку пати холанѓанките пробуваа да ја намалат оваа негатива, но одличните Морк и Кристиансен не го дозволуваа тоа. Најефикасната ракометарка во првиот дел Грот го постигна и последниот погодок во 30 минута, со што холандските ракометарки мораа да заминат на одмор со шест голови негатива (13:19).

Ништо поразлично не беше ниту вториот дел од мечот за третото место. Со по еден гол и на двете страни на стартот од второто полувреме, резултатот повторно беше во полза за норвешките ракометарки. На 10 минути до крајот од натпреварот холандската репрезентативка Лусиано Алиси успеа да ја намали предност на норвежанките на само 5 голови (24:29). Но, ниту оваа единствена минимална негативна не им помогна многу на холанѓанките да се вратат во игра. Репрезентативките на Норвешка од самиот почеток ја наметнаа играта, а до самиот крај само ја зголемуваа предноста, за на крај да слават со убедливи 26:36 и да слават за бронзениот медал како утеха на овие Олимписки Игри.

Најефикасна во тимот на Холандија беше Ники Грот со 6 погодоци, додека Нора Морк со 7 погодоци го предводеше тимот кон бронзата. Финалето за златниот медал се игра вечерва со почеток од 20:30 часот помеѓу Франција и Русија.