Пелистер се избори за важни бодови на гостувањето во Скопје кај Вардар јуниор со што остана во трка за 2. позиција во првенството. Битолчанки го добија дуелот со 28:26 така што во последната четвртина од шампионатот ќе влезат со поен помалку од Металург, па ќе има голема битка за 2. место.
На овој дуел против Вардар јуниор, Пелистер имаше подобро второ полувреме. Во првиот дел Вардар јуниор успеваше да има контрола на играта. Двете екипи се менуваа во водство и имаа одлични периоди. Сепак, во финишот на првиот дел Вардар јуниор успеа да се снајде подобро и на пауза да замине со два гола предност.
Вторите 30 минути беа во знакот на гостинките кои успеаја да наметнат посилно темпо и да дојдат до предност од пет гола, а ова беше сосема доволно во завршницата дури и да попуштат и да стигнат до трите бода.
ВАРДАР ЈУНИОР – ПЕЛИСТЕР 26:28 (14:12)
Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Кицеска, Реџеп, А. Николовска 9, Карчева, Стефановска, Вељановска, Трпевска, Диневска 2, Божиновска 10, Филипоска 2, Иванова 1, Николиќ 1, М. Николовска, Петковска, Галевска 1.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.
ПЕЛИСТЕР: Златевска, Дурланова, Пецовска, Апостоловска, Величковска 7, Милосављевиќ 5, Каковска, Белевска 4, Јанкуловска 5, Дабевска 4, Каранфиловска 2, Раиф 2.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.


