Битолчани влегоа во победнички ритам, но сезоната заврши (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на Пелистер ја финишираше сезоната со победа од 36:27 против Пролет и на тој начин на крајот финишираше на 5. позиција со што го избегна последното место во плеј-оф лигата.

Битолчани одиграа добар меч на крајот од шампионатот со што после триумфот во Скопје против Вардар дојдоа и до уште нови три бода на домашен терен

На денешната средба покрај интересната средба и на трибините можеа да се видат поранешни ракометари на Пелистер како и членови на раководството. Тука беа Бранислав Ангеловски и Златко Димитровски, но и ред други познати лица од ракометот.